| четврток, 6 декември 2018 |

Гасол: Дојдовме во Франција по златен медал

FIBA EuroBasket 2015

Најдобриот шпански кошаркар По Гасол беше расположен по синоќешната победа над еден од главните ривали за титулата оваа година на Европското првенство репрезентацијата на Грција, во рамките од четвртфиналето.
Тој најави борба за златниот медал, но пред тоа мора да излезе на мегдан со одличните Французи кои истотака се пласираа во полуфиналето победувајќи ја Летонија. Гасол одигра фантастичен меч реализирајќи 27 поени.
Иако ослабени со неиграњето на неколку клучни кошаркари, Шпанците имаат мотив повеќе за реванш над актиелниот европски шампион.

– Не дојдовме овде за да се предадеме. Уште пред доаѓањето ни беше јасно дека со две победи ќе одиме на Франција, но ние сме овде за да го победиме домаќинот. Искрено верувам во тоа, денеска против Грција покажавме исклучителен квалитет и со истиот тој пристап можеме да се носиме и со Французите. Битката ќе биде тешка, но ние сме подготвени бидејќи живееме во сегашноста за сегашноста, не сакаме да се навраќаме на последните пресметки со овој противник – изјави Гасол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top