| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот карван на ДПМ продолжува во Гевгелија

На 24 септември, во 12 часот, во библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, ќе настапат 20 поети од различни генерации, учесници во проектот за дисперзија на културните настани во земјата.

Во годинашниот циклус, поетскиот карван на ДПМ гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе и Крушево, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“. До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во рамките на соработката со библиотеките во Куманово и во Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле.

Поетскиот карван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на „Деновите на Блаже Конески“ кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top