| четврток, 6 декември 2018 |

Две фирми си присвојувале државно земјиште – настрада службеник во Катастар

gevgelija

Служебник во Агенцијата за катастар во Гевгелија доби кривична пријава затоа што впишал сопстевност на парцела на една фирма без согласност на друга фирма која ја користела парцелата. Ова парче земја, всушност, било соптвеност на државата, па двете фирми незаконски го користеле.

Во пријавата поднесена од полициската станица во Гевеглија се вели дека поднеле кривична пријава за Р.Ч.(55) од Гевгелија, службено лице во Агенцијата за катастар на недвижности во Гевгелија за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во текот на 2004 година, пријавениот спротивно на Законот за премер и катастар на земјиште, постапувајќи по барањето на Ј.Р. од село Дедино, без било каков  доказ за право на сопственост донел решение со кое неговата фирма ДПТУ „Балкан Промет Јован“ ДООЕЛ, село Дедино ја запишал како корисник на парцела КП број 91 КО Гевгелија, сопственост на Р. Македонија, притоа бришејќи го поранешниот корисник на парцелата АД „Пиперана“-Гевгелија, која, исто така, во јавните книги на Агенцијата немала запишани свои права како правен претходник  на земјиштето.

Со ваквото постапување, пријавениот му овозможил на Ј.Р. да извади имотен лист за парцелата и да се стекне со право на сопственост, нанесувајќи ѝ притоа значителна имотна штета на Р. Македонија, како вистински носител на правото на сопственост на наведената парцела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top