Карванот „Купи куќа, купи стан“ денеска продолжува во Прилеп. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17 часот.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Прилеп кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.
Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Струмица, Велес, Куманово и Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните и догодина ќе аплицираат за „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“
-
Во Василево има работа за сите: Во четирите индустриски зони вработени се 95% жители
-
Проектите на македонската влада успешно се копираат и се спроведуваат и во регионот
-
Ставрески: Отворивме 33 канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“