| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Паркер ја одведе Франција во полуфиналето на мегдан со Шпанија

Актуелниот европски шампион, Франција потешко од очекувањата дојде до победата над Летонија и пласман во полуфиналето на Евробаскетот 2015 што се игра во Лил.
Тони Паркер по кој знае кој пат беше лидер за својата репрезентација со 18 коша и шест асистенции одвеедувајќи ја во полуфиналето.
Летонија се покажа како тврд орев особено во првиот дел кога ја контролираше играта и во еден момент во финишот од првата четвртина имаше предност и од осум коша (23-15). Се додека во игра не влезе НБА ѕвездата Паркер и со мини серија го одведе својот тим на полувремето со минимално водство од 40-38.
Во третиот период, европскиот шампион ја покажа сета своја сила особено во обраната кога им дозволи на Летноците да постигнат само седум поени, наспроти 16 постигнати (16-7) и да си го трасираат патот до конечната победа изразена со 14 поени разлика.

Тони Паркер со 18 поени и 6 асистенции беше најзаслужен за оваа победа,Борис Диао додаде 14, а Гобер 13 поени за победничкиот состав.

Следен противник на Франција ќе биде селекцијата на Шпанија, меч што ќе се игра во Лил в четврток со почеток во 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top