| четврток, 6 декември 2018 |

Голтнал 35 таблети вијагра и имал петдневна ерекција

Даниел Медoрт проголтал 35 таблети вијагра, а последиците – петдневна ерекција.

vijagra

Даниел (36) ја испил големата количина на вијагра додека бил кај пријател, а се уплашил кога почувствувал мачнина, вртоглавица и почнал да има халуцинации.

-Имав ерекција која не поминуваше. Не беше тоа баш постојана ерекција, но секој пат кога ќе се допрев до нешто доживував ерекција, и тоа траеше пет дена – вели тој.

Неговата жена викнала Брза помош, а тој бил задржан во болница неколку дена.

-Докторите изреагираа многу професионално, но видов дека се воздржуваат да не се изнасмеат, вели Даниел.

Иако, за среќа, тој немал потешки последици, предозирањето со вијагра може да предизвика и губење на свеста, излив на крвта во мозокот, па дури и смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top