Специјалниот јавен обвинител ќе ја има сета поддршка за ефикасно и професионално работење, изјави за „Сител“ премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Премиерот е задоволен и од персоналното решение и од законските одредби кои ја регулираат работата на специјалниот обвинител.
– Задоволство од законот и личноста која е висок професионалец со меѓународни обуки и која спроед искуството укажува дека ќе стане збор за личност која професионално ќе може да се носи со работата.Ќе ја има целосната поддршка, сакаме најтранспарентно и најефикасно да си ја обавува работата – изјави премиерот.
Премиерот смета дека е добро за државата што специјалниот обвинител е избран навреме и дека со тоа се покажува посветеноста и коректноста на владејачката партија.
– Мислам дека со изборот успеавме да спречиме било какви тензии и на некој начин ги демантиравме сите шпекулации д ека сме сакале да нема договор. Не, навреме по преговорите се избра и личност и с едоговори з акон. Од наша страна сме целосно коректни – вели Груевски за „Сител“.
Во периодот кој следи до најавените предвремени парламентарни избори, Груевски најавува целосна посветеност на проектите за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
– Деведесет отсто од фокусот е на економија и нови работни места – вели Груевски.
Изборот на специјален јавен обвинител е дел од обврските кои лидреите на апртиите ги преземаа со договорот од Пржино за излез од политичката криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)