Независната продукција „Театар 007“, во соработка со Универзална сала, го најавуваа шестото издание на Интернационалниот театарски фествиал „Лица без маски“, кој ќе се одржи од 12 до 16 април во Универзална сала, под мотото „Ослободи се!“.
Годинешната програма е посветена на независната професионална сцена од светот. Како и минатата, така и оваа година интересот за учество на овој фестивал беше огромен. По пристигнатите 70-ина апликации, селекторот на фестивалската програма Игор Ивковиќ, се одлучи за исклучително авангардните и жестоки театарски претстави меѓу кои:
„Деволуција“, во режија на Петар Пашов, а во изведба на независниот театар „Атеље 313“ од Софија, Бугарија. За прв пат во Македонија, ќе гостува и Академијата за театар од Рим, Италија, „ Софија Амендолеа“ кои доаѓаат со нивниот најнов проект „Убиј ги децата“, во режија на Фабио Омодеи. Тука се и претставите на романскиот независен театар, „Создава. Глуми. Ужива“, кои во Скопје, ќе гостуваат со дуо драмата „Ова е твоето тело. Повели во моите мисли“, во режија на Александра Фелсеги. Покрај нив се уште и претставите „Рувензори“, од академскиот театар „Бранко Крсмановиќ“ од Белград, Србија, и полската претстава „Каменот на трпеливоста“, во изведба на Театар Западнија.
Свеченото отворање на 12 април, ќе биде со хит претставата „Филм“ – авторски проект на Саша Ефтимова, а во изведба на балетските танчери од Македoнската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.