Откако во првата сезона на музичкото натпреварување за деца 14-годишниот струмичанец Трајче Ѓоргиев стигна до самото финале и го освои регионот, веќе во првите епизоди годинава Македонија има свој достоен претставник.
На „Пинк ѕвездички“ се претстави 15-годишната Елена Бимбилоска од Струга и доби кренати палци од целото жири.
Додека Елена ја пееше „Hurt“ од Кристина Агилера, Гоца Тржан возбудено аплаудираше.
– Ова е тој театар кој ни треба. За првпат ја слушам оваа песна интерпретирана на овој начин кој премногу ми се допадна. Симнувам капа. Секоја чест – и рече Тржан.
Милан Станковиќ и посочи дека е родена за пејачка ,а за Хари Мата Хари, Елена ја имаше најдобра изведба на вечерта.
И другите членови од жирито, Леонтина Вукомановиќ и Јелена Томашевиќ за неа зборуваа со одушевување и поделија само позитивни коментари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



