| четврток, 6 декември 2018 |

ДОМ му дава поддршка на Славчо Чадиев во Велес

Славчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на Велес од владејачката коалција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пред неделниот втор круг на локалните избори ја доби поддршата од партијата ДОМ.

g_slavcocadievforweb

-Веруваме дека со заокружување на бројот 19 в недела ќе се потврди победата на Славчо Чадиев за нов градоначалник, што ќе значи и цврста заложба за имплементација на зелената политика во Велес, градот на еколошката и зелена револуција. Тоа значи дека избравме и даваме поддршка и за зелени дела во Велес, за зелен катастар, за зелени работни места, за дислокација на топилницата, за нови спортски можности на младите и инвестиција во обновливите извори на енергија – изјави Стевче Дечев, претседател на ДОМ – Велес.

Тие веруваат дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Славчо Чадиев, како нов татко на општината ќе биде за доброто на велешани, зад чија победа со целосна своја експертиза ќе застанат и експертите од зелената опција.

ДОМ со ова останува лојален и конструктивен партнер. Тие имаа само свои листи за советници и ги поддржаа кандидатите на владината коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top