| четврток, 6 декември 2018 |

Памфлети на македонски против кандидат за градоначалник во Тетово

teuta

Тетовските полицајци собрале контроврезен пропагаден материјал напишан на македонски против еден од кандидатите за градоначалник на Тетово.

sadi bedzeti

МВР соопшти, дека памфлетите, изработени во неколку верзии на македонски јазик, во негативен конктекст и со негативна конотација, најдиректно го дисквалификуваат и дискредитираат едниот од двајцата кандидати за градоначалник на општина Тетово, а навивачки го фалат, поддржуваат и им сугерираат на граѓаните да гласаат за другиот кандидат.

Пронајдените памфлети се фотодокументирани и се работи на откривање на нивните изготвувачи и дистрибутери.

Имајќи ги во предвид овие појави и настани , Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните и до сите учесници во изборниот процес да се воздржат од вакви или слични постапки, односно провокации и да се однесуваат фер и демократски.

Зашто, ваквиот вид провокации можат да ја нарушат општата изборна атмосфера и амбиент во Тетово и да предизвикаат несакни појави, со сериозни последици во севкупното тетовско секојдневие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top