Вечерва започнува 23 издание на Лигата на шампионите, всушност најсилното клупско натпреварување во Европа кое се игра во овој формат, а за првпат е воведено во 1992 година.
Освен основните податоци, постојат и многу други кои љубителите на фудбалот не ги знаат. Следуваат 50 статистички податоци за клубови и фудбалери кои ја одбележаа Лигата на шампионите во последните 23 години.
1. Реал Мадрид е тимот кој има најмногу дадено 439, но и примено голови 231.
2. Ибрахимовиќ, Ањелка и Савиола се играчите кои играле во шест различни тимови во ЛШ.
3. Рајан Гигс го држи рекордот со 19 учества.
4. Рекордот за најмногу минути поминати на теренот го држи Икер Касилјас, 13 450.
5. Од играчите во игра, Раул е рекордерот, му фали само една минута за да ја достигне границата од 12 000.
6. Најмноги пенали има промашено Тјери Анри, дури пет.
7. Најмногу црвени картони добиле соиграчите на ПСЖ, Ибрахимовиќ и Давид Луиз, по четири.
8. Најстариот играч со дури 44 години е голманот на Лацио, Марко Балота, а мечот против Олимпијакос.
9. Кристијано Роналдо е играчот кој има најмногу победи во низа, 14.
10. Офори Кваје е најмладиот играч кој настапил. Тој со 17 години и 194 дена дебитираше за Олимпијакос.
11. Арсен Венгер 19 години го води Арсенал во ЛШ. Тој воедно е и тренерот со најмногу порази, дури 49.
12. Сер Алекс Фергусон со 190 натпревари е рекордер меѓу тренерите.
13. Најефикасна ЛШ е во сезоната 2000/2001 кога триумфираше Баерн Минхен.
14. Домаќините во ова натпреварување победиле на 50 проценти од натпреварите.
15. Во просек, секој четврти пенал не е реализиран.
16. Најчест резултат е 1-1.
17. Порто, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се тимовите со повеќе од 20 учества.
18. Најмногу голови се постигнати на мечот Монако – Ла Коруња, 8-3.
19. Најдосаден натпревар бил меѓу Глазгов Ренџерс и Униреа. Шкотите и Романците вкупно шутнале на гол само трипати.
20. Јувентус со 20 црвени картони е рекордер по бројот на исклучувања.
21. Досега настапиле играчи од вкупно 121 земја.
22. Меси и Луиз Адриано се едиствените кои постигнале по пет голови, првиот гол е дело на Нигериецот Амокачи.
23. Најстариот играч кој постигнал гол е Франческо Тоти со 39 години.
24. Шпанија е земјата која дала најмногу тимови во натпреварување, дури 13.
25. Луис Фиго и Робин Ван Перси имаат дадено 10 голови од пенал.
26. Најмногу пенали имаат промашено играчите на Реал Мадрид, 11.
27. Против Барселона се исклучени најмногу играчи, 29.
28. Макаби Хаифа и Депортиво Ла Коруња се единствените тимови кои не успеале да постигнат гол во една сезона.
29. Алесандро Неста е играчот со најмногу натпревари 99, на кои не постигнал гол.
30. Најмногу победи има Чави, 91.
31. Карлес Пујол како капитен на Барселона дури трипати го кренал пехарот.
32. Најубедливата победа ја оствари Ливерпул. Во 2007 година го совлада Бешикташ со 8-0.
33. Најбрзиот гол е дело на Рој Макај за Баерн Минхен во 11 секунда.
34. Само Мурињо, Анчелоти и Хицфилд се тренерите кои ја освоиле ЛШ со различни тимови.
35. Милан одиграл најмногу финалиња, шест, а Јувентус е баксузот бидејќи загубил на четири од петте настапи.
36. Само едно финале е завршено по продолженијата, Реал Мадрид го совлада Атлетико Мадрид со 4-1.
37. Кларенс Сидорф е единствениот играч кој со три тима сја освоил ЛШ, со Ајакс, Реал Мадрид и Милан.
38. Барселона рекордер по бројот на гостински победи, 45.
39. Само пет екипи во групната фаза ги доживеала сите порази, Отелул, Кошице, Жилина, Левски и Дебрецин.
40. Најчест дуел во ЛШ е Челси – Ливерпул, играле до сега десет пати.
41. Десаи, Пауло Соуза, Ето и Пике сс играчите кои две години по ред ја освојуваат ЛШ со различни тимови.
42. Франк Рајкард е единствениот што ја освоил ЛШ како играч и како тренер.
43. Гвардиола, Анчелоти, Луис Енрике, Бенитез, Хејнкес се тренерите кои како дебитанти ја освоиле ЛШ.
44. Само тројца браќа ја освоиле ЛШ, браќата Невил, Де Бур и Милито.
45. Најмногу голови досега дале Бразилци, 47.
46. Првиот играч што добил црвен картон е Одри Ван Тигелен од ПСВ Ајндховен.
47. Вкупно досега се постигнати 3002 во прво и 3764 голови во второ полувреме.
48. Досега вкупно настапиле 5858 фудбалери и 343 тренери.
49. Арсенал е тимот против кого се досудени најмногу пенали, 27.
50. Атина и Лондон се едиствените градови кои дале по три учесника во една сезона. Грците во 2003 кога покрај Олимпијакос учествуваа и Панатенаикос и АЕК, додека од Лондон во последната деценија настапија Челси, Арсенал и Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.