| четврток, 6 декември 2018 |

КУД „Негорци“ ги презентираше културните вредности на Гевгелија во Банско

Во бугарскиот град Банско се одржа приредба на која Гевгелија и Банско ги презентираа културните вредности на општина Гевгелија со одржување етно изложба и фолклорна вечер.

КУД „Негорци“, заедно со фолклорното друштво од Банско, одржа концерт на кој беа претставени изворни македонски песни и ора, а на етно изложбата на културното наследство на Гевгелија и Банско беа презентирани предмети од археолошкиот локалитет Вардарски рид.

Фолклорната вечер и етно изложбата во Банско беа продолжение од неодамнешното гостување на бугарските фолклористи во Гевгелија. Оваа активност, посочија од општина Гевгелија, е дел од проектот „Заедничка култура, традиции и историја – мост кон нашата Европска иднина“ кој е финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка. Во рамки на проектот неодамна во Гевгелија беше извршена реконструкција на покривот на Пионерскиот дом и беше уредена електронска читална за најмладите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top