| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановскиот театар со претставата „Аудиенција“ гостува во Бугарија

Кумановскиот театар со претставата „Аудиенција“ според текст на Вацлав Хавел, а во режија на Мирослав Петковиќ, на 16-ти септември ќе гостува во Силистра, Република Бугарија.

„Аудиенција“ е драма во еден чин на чешкиот писател Вацлав Хавел, со строг и дрзок текст кој отворено го критикува општеството.

Главните и единствени ликови се Сладек, млад новопечен газда, шеф во пивара, кој е веќе на скалилото на хиерархијата и Вањек, талентиран писател прекинат во жарот на творењето, тркалач на буриња во пиварата, претставник на работничката класа, човек кој не работи во својата професија.

Режисерот Петковиќ низ малку комика, а многу повеќе иронија и цинизам, успешно ги спојува енергијата и жарот на Чедомир Митевски (Сладек), со искуството и тактичноста на Горан Илиќ (Вањек).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top