Уште во јуни, годинава, се појавија гласини дека бракот на Џулија Робертс и Дени Модер е во криза. Во саботата пред нивната куќа биле забележани камиони за селидба, и тоа само неколку часа откако актерката на њујоршката недела на модата ја гледала ревијата на Живанши.
Дека работите меѓу нив не се во најдобар ред се шепотеше во последните неколку месеци, а сега порталот Радар онлајн пишува дека очигледно некој ја напушта куќата.
Џулија и Дени се запознале во 2001 година, во текот на снимањето на филмот „Мексиканецот“, кога таа била главна актерка во филмот, а тој снимател. Наводно Дени ја иницирал разделбата.
„Се чинеше како меѓу нив да не постои вистинско партнерство. Џулија сето тоа го поднесуваше многу емотивно. Во еден миг врескаше од бес, додека во наредниот миг веќе се извинуваше“, тврди извор близок на парот.
Тие се венчаа во 2002 година, а заедно имаат три деца: близнаците, ќерката Хејзел и синот Финиус, како и синот Хенри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.