Унгарската нискобуџетна авионска компанија „Визер“, денеска ја потврди нарачката на 110 авиони од типот „Ербас А3 21 нео“, за цена од 13,68 милјарди долари или 12,1 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Како што соопшти компанијата „Ербас“, станува збор за за една од најголемите нарачки за овај модел на авиони.
Договорот меѓу „Визер“, која е главната нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, и „Ербас“ бил потпишан за време на авиосалонот во Бурже, но тој дури денеска е официјално потврден.
Авиони ќе бидат изработени да можат да примат 239 патници и тие ќе бидат испорачани меѓу 2019 и 2024 година. Речиси половината од нив или 51, ќе бидат искористени за замена на постоечките авиони под лизинг.
Склучениот договор предвидува и право за купување на уште дополнителни 90 „А321 нео“, кое ќе може да биде искористено во наредните пет години. Според договорот, „Визер“ ќе може да ги приспособи своите нарачки во зависност од своите потреби или за „А321 нео“ или за „А320 нео“ до 31 декември 2016 година.
Со оваа нарачка, бројот на нарачаните авиони „А320 нео“ ја надмина цифрата од 4.300 модели, се вели во соопштението на „Ербас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.