Од 1 ноември најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа „Визер“, ќе ја воведе нова линија Скопје – Хановер, со два лета неделно, вторник и сабота.
Картите се веќе во продажба на wizzair.com, по цена од 1,199 денари.
Со ова, „Визер“ сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.
Хановер, главниот град на сојузната покраина Долна Саксонија, е важен трговски и центар за фестивали, познат по Октоберфест Хановер, втор по големина Октоберфест во светот, и по Хановер Schützenfest – најголемиот панаѓур на стрелци во светот. Со голем број музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е познат и како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект.
Со денешната објава, Хановер стана најновиот 124-ти аеродром во мрежата на Виз Аир.
Првиот лет на „Визер“ од Скопје беше во јуни 2011. Од тогаш постојано ја проширува мрежата во Македонија. Од првиот лет, преку 2,2 милиона патници избрале да летаат со „Визер“ во и од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.