Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека воздушните напади на француските сили врз позиции на Исламската држава (ИД) во Сирија би можеле да се покажат неопходни.
– Ние сме дел од коалицијата против ИД во Ирак. Започнавме разузнавачки летови во Сирија врз основа на кои би можеле да процениме дали се потребни воздушни напади, а во Сирија се неопходни, истакна Оланд на заедничка прес-конференција со нигерискиот колега Мухамадуа Бухари.
Франција минатата недела го изврши првиот разузнавачки лет над Сирија, користејќи борбени авиони „Рафаел“, соопшти француското Министерство за одбрана. Целта на оваа мисија е собирање разузнавачки податоци за ИД и јакнењето на улогата на Франција во решавање на ситуацијата во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.