Утре започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а таму Манчестер Јунајед во првото коло гостува во Ајндховен против шампионот на Холандија, ПСВ.
Капитенот на „црвените ѓаволи“ Вејн Руни не е во комбинација за настап бидејќи сеуште не е фит од повредата на мускулот на ногата здобиена на квалификацискиот натпревар за Англија против Швајцарија.
Руни не беше во составот ниту во дербито против Ливерпул кој неговите соиграчи без проблем го добија со 3-1.
Мартиал, кој го постигна третиот гол на овој меч, е фаворит да го предводи нападот на Манчестер јунајтед на оваа средба, откако Фелаини не се покажа како најдобра опција против Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.