Енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и МЕПСО денеска им доделија стипендии на нови 14 најдобри студенти со завршена прва година на електроенергетски насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Државните ЕЛЕМ и МЕПСО ќе стипендираат по пет студенти, а ЕВН Македонија четири.
– Ова е петата генерација студенти на ФЕИТ која добива стипендија од енергетските компании. Првата генерација која беше стипендирана веќе е дел од кадарот на компаниите. Тоа покажува дека проектот е успешен за факултетот, бидејќи се подобрува конкуренцијата и квалитетот на студирање, но и за енергетските компании кои ги добиваат најдобрите студенти, а се надевам во иднина и најдобрите инженери, што можат да ги профилираат со изборните предмети и менторите кои им ги доделуваат, рече деканот на ФЕИТ проф. др Миле Станковски пред додделувањето на стипендиите.
Тој посочи дека се надева оти соработката со енергетските компании че продолжи континуирано.
Помошник директорот за производство на АД ЕЛЕМ Антонио Ивановски истакна дека во изминатите тригодинистипендирале 14 студенти на ФЕИТ и додаде дека и во иднина ќе продолжат со поддршката на најуспешните студенти.
– Годинава во компанијата ги очекуваме првите дипломирани студенти стипендирани преку овој проект. Ваквите студнти ги гледаме как потенцијални идни колеги и менаџери кои во иднина ќе придонесат за унпредување на енергетиката во Македонија, рече Ивановски.
Менаџерот за човечки ресусрси во ЕВН Македонија Анета Петковска Русомановски рече дека очекуваат нивните стипендирани студенти од ФЕИТ за неколку години да прераснат во стручни кадри кои ќе ја водат компанијата.
Додаде дека првата генерација стипендирани студенти веќе е дел од ЕВН Македонија.
– Со доделувањето на стипендиите за студентите од енергетските насоки на ФЕИТ придонесовме да има за три до четири пати повеќе студенти на овие насоки, рече Петковска Русомановски и додаде дека и во иднина ќе продолжат со стипендирањето на најуспешните студенти и организирањето практиканска работа за нив во ЕВН Македонија.
Шефот на Кабинет на МЕПСО Иван Коробар прецизира дека секоја година се зголемува бројот на успешни студенти на ФЕИТ на енергетските насоки, поради што е многу тешко да се изберат најдобрите.
Нагласи дека годинава МЕПСО стипендира повеќе студенти од лани. Се надева дека праксата за стипендирање на студенти ќе прерасне во традиција, бидејќи, како што рече, дава одлични резултати.
Покрај традиционално доделените стипендии, на денешната церемонија беа доделени и награди и пофалници за најдобрите 60 студенти на ФЕИТ кои учебната 2013/14 година ја завршиле со успех 9 и над 9.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
-
Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот