Германија не ја затвора вратата за бегалците, дури и ако воведува гранични контроли, изјави денеска портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Штефан Зајберт појасни дека воведувањето драстични мерки било нужно за да се воведе ред во процедурата за барање и доделување азил.
– Привремените гранични контроли не се исто што и затворањето граница. Тоа е целосно поинаку. Бегалците и натаму ќе доаѓаат во Германија, но ние се надеваме дека нивното пристигнување ќе се случува на поуреден начин, истакна Зајберт.
Тој вели дека ваквата мерки била неопходна и од безбедносни причини за властите да можат да ја регистрираат секоја личност која ќе дојде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.