Синоќа во Аргентина се одигра најголемото дерби во светот меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.
На стаднионот „Моњументал“ Ривер беше домаќин на големиот ривал, но не успеа да излезе како победник и ги разочара своите навивачи кои по традиција дојдоа во огромен број и го наполнија капацитетот од преку 60.000 гледачи.
Јунакот за Бока беше резервистот Лодеиро кој влезе во игра по само четири минути игра заменувајќи го Фернандо Гаго кој ја скина тетивата на ногата и мораше да биде заменет.
Лодеиро искористи една добиена топка од голманот на Ривер по интервенцијата од ударот на Карлос Тевез и ја смести топката во мрежата во 19.минута.
Со тоа Бока Јуниорс се врати на врвот на табелата во Аргентина со два бода повеќе од Сан Лоренцо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



