Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска, направи нов скок на листата на ВТА од дури 22 позиции.
Таа минатата недела учествуваше и победи на турнирот на ИТФ што се одржуваше во Врњачка Бања и со новите 12 поени се најде на одличното 326.место. Со освоениот втор трофеј оваа сезонаа и вкупно четврти во кариерата во поединечна конкуренција, Ѓорчевска е сѐ поблиску до 300. место на ранг-листата на ВТА.
Од денеска, Ѓорческа ќе учествува на многу посилниот турнир на ИТФ во Подгорица, каде не е рангирана меѓу носителките. Турнирот се игра на земјена подлога, а е со награден фонд од 25 илјади долари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.