| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ги повика земјите од ЕУ целосно да ги почитуваат правилата на шенгенската зона

имигрантиФранција ги повика сите земји на ЕУ во целост да ги почитуваат правилата на шенгенската зона, откако Германија соопшти дека воведува привремена контрола на границите поради рекордниот број бегалци.

-Поради тоа што некои земји не ги почитуваат правилата, Германија реши да воведе привремена гранична контрола – оценува францускиот министер на внатрешни работи, Бернан Казнев, пренесува Франс прес.

Германија претходно соопшти дека воведува привремена контрола на границата и дека одлуката веднаш стапува на сила.

Потегот на Германија е во спротивност на принципите на шенгенската зона, која дозволува слободно движење низ европските држави. Сепак, овој договор дозволува привремена суспензија.

-Освен тоа, Берлин повеќе нема да дозволува бегалците да бираат која европска држава да ги прими – истакна министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезијер.  Според правилата на ЕУ, првата земја при влез е обврзана да ги решава барањата на барателите на азил, но Германија претходно во практиката го отфрлаше ова правило во случајот со бегалците од Сирија.

Железничкиот сообраќај меѓу Германија и Австрија беше суспендиран повеќе од 12 часа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top