На интернет се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како два пит-були на сред улица во Бронкс се обидуваат да растргнат човек кого го соборија на земја.
Жената која го снимаше нападот истовремено повика помош што се слуша на снимката.
Нападнатиот, средновечен маж во жолта маица, лежи на земја додека кучињата кружат околу него и го касаат. Тој на почетокот се брани, но потоа ја губи силата и кучињата го влечат кон тротоарот.
Иако не е јасно кој е сопственик на кучињата, прикажан е и друг човек кој се обидува да се постави помеѓу пит-булите и жртвата во текот на нападот.
Се слуша викање, а подоцна и минувач ги прска со вода да се оддалечат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


