| четврток, 6 декември 2018 |

Меси и даде корпа на најсексапилната спортска новинарка (видео)

Argentina v Mexico - International Friendly
Сексапилната мексиканска новинарка Инес Сајнц, крева прашина каде и да се појави, но не и маѓу аргентинските фудбалери. Познатата 36 – годишна новинарка се обиде од „гаучосите” да добие изјава во пресрет на почетокот од второто полувреме на мечот со Мексико.

Аргентинците по првото полувреме губеа со 1:0, а пред да излезат на теренот во второто полувреме поминаа покрај Мексиканката, како да не постои.

Инес во 2010 година беше во центарот на вниманието откако ги обвини играчите на Њујорк Џетс, дека сексуално ја вознмирувале. Новинарката го гледала тренингот, повеќе топки беа упатени кон неа, а играчите и дофрлуваа коментари на нејзиниот секси изглед.

Потоа мексиканската новинарка влез во соблекувалната каде имала договорено интервју, но играчите продолжија да ја вознемируваат. Тие се бранеа со тоа што изјавија дека новинарката дошла во провокативна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top