| четврток, 6 декември 2018 |

Кога е вистинско време за кафе?

И покрај фактот дека голем број луѓе своето прво кафе го пијат во моментот по станувањето од кревет, научниците тврдат дека постои многу подобро време.

kafe

Утринското кафе е задолжителен ритуал на многу луѓе во светот посебно во нашите краишта, но најновите истражувања покажаа дека наутро е погрешно време за овој мал, сладок ритуал.

Кафето рано наутро нема никакво влијание на нашето тело и тоа заради кортизолот, хормон кој делува како одговор на стрес и има природно високо ниво три пати дневно, а првиот удар е во раните утрински часови.

Кофеинот му пречи на неговото природно производство и телото почнува да го произведува помалку, мислејќи дека кофеинот ја надополнува разликата.

Нивото на падот околу десет часот е знак дека кофеинот навистина врши работа и првото утринско кафе би требало да се пие меѓу десет часот и пладне, а попладне е совршено време меѓу 14 и 17 часот .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top