| четврток, 6 декември 2018 |

Магија на Флавија, Пенета на 33 години го освои првиот гранслем во кариерата

Флавија Пенета ја забележа најголемата победа во кариерата и го освои највредниот трофеј за неа со триумф на САД опен во Њујорк. Италијанската тенисерка е една од највозрасните што го освоила својот прв гранслем трофеј, а Пенета тоа го стори на 33-годишна возраст.

Во италијанското финале вечерва Флавија прикажа нова магија во Њујорк и со 7-6, 6-2 ја надигра Роберта Винчи. И двете тенисерки дебитираа во гранслем финале во поединечна категорија, а поуспешна беше Пенета.

Интересно е што и двете и претходно освојувале титули на некој од четирите највредни тениски турнири, но во игра на двојки. Винчи има колекција од пет трофеи, а Пенета сега има два, по еден во сингл и во женски двојки.

Утре ќе се игра машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

peneta

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top