Hајмалку 107 луѓе загинале, а стотици се повредени кога градежен кран се урнал во големата џамија во светиот муслимански град Мека.
Ова се случило во момент кога верници од целиот свет се собрале во Мека за годишниот ритуал Хаџ кој треба да започне овој месец.
Полицијата и населението помагаат да се извадат телата од џамијата. Џамијата е обиколена од бројни кранови бидејќи во тек е големиот проект за наградба. Гувернерот на регионот Мека принцот Калед ал-Фаисал нареди истрага за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)