Баерн Минхен го доби баварското дерби со Аугсбург со пресврт и со два гола во второто полувреме во режија на Левандовски и на Милер, кои погодија во 77. и 90. минута за триумф од 2-1. Аугсбург поведе во финишот на првиот дел со погодокот на Есвајн во 43. минута.
Баерн има максимални 12 бода, идентично како и големиот ривал Борусија Дортмунд. Популарните милионери славеа со 4-2 против Хановер на гости и се на делба на врвот со Баерн.
Резултати: Баерн – Аугсбург 2-1, Хановер – Борусија Д. 2-4, Баер – Дармштад 0-1, Херта – Штутгарт 2-1, Инголштад – Волфсбург 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.