Грција е вториот четвртфиналист на Евробаскетот по Летонија, откако со 75-54 ја декласираа Белгија. Грците ја направија клучната предност во третата четвртина, што ја добија со 23-11 и потоа рутински ја приведоа работата докрај.
Бурусис со 14 и Куфос со 13 поени беа најефикасни кај победничкиот состав, а Жиле со 14 поени беше најистакнат поединец кај Белгијците.
Грција во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.