Во азурни бои ќе биде обоено женското финале на последниот гранслем во Њујорк на САД опен, а мечот за титулата меѓу Флавија Пенета и Роберта Винчи ќе го следи и италијанскиот премиер Матео Ренци.
Тој отпатува за Њујорк, каде има голема италијанска заедница за да го следи историското финале меѓу Пенета и Винчи. Ваков меч за титулата на САД опен веројатно не предвидуваше никој, а Флавија и Роберта апсолутно заслужено ќе играат за вредниот трофеј.
Винчи направи огромна сензација со елиминација на Серена Вилијамс во полуфиналето, а Пенета ја растури Симона Халеп. Финалето ќе се игра денеска од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.