Летонија е прв четвртфиналист на Евробаскетот, а премиерата во осминафиналето беше кобна за Словенија. Летонците победија со 73-66, а добија три од четирите периоди на играта, по почетните 20-20 во првата четвртина.
Јанис Стрелникс со 17 поени беше најефикасен кај победничката екипа, додека со ист број на поени мечот како најдобар стрелец кај Словенците го заврши Зоран Драгиќ.
Летонија за полуфинале ќе игра со победникот од осминафиналното дерби меѓу Франција и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.