| четврток, 6 декември 2018 |

Нов рекорд: Минал 879 денови во вселената

Руската вселенска капсула со тројца членови екипаж од Меѓународната вселенска станица денеска безбедно се спушти на космодромот во казахстан, а еден од членовите на екипажот е и рускиот космонаут Генадиј Падалка, кој постави нов рекорд според бројот на денови минати во вселената.

podalka

Падалка, кој при пет одделни летови во вселената минал вкупно 879 денови, слета во 2:51 часот во казахстанската степа заедно со неговите колеги Ајдин Аимбетов и Андреас Могенесн.

Падалка ја предводеше 44. експедиција на Меѓународната вселенска станица, за време на која на 28 јуни го надмина десет години стариот рекорд по вкупен број денови кои некој космонаут ги минал во вселената. Претходниот рекорд изнесуваше 803 денови, девет часа и 41 минута и го држеше Русинот Сергеј Крикаљев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top