Њујоршката полиција ја призна кардиналната грешка на еден од своите припадници при филмското апсење на тениската ѕвезда Џејмс Блејк.
Полицаецот Џејмс Фраскаторе во цивилна облека го шокираше поранешниот четврторангиран светски тенисер, додека овој чекал такси на пат до терените на Флешинг Медоуз каде се игра гранслемот САД опен. Фраскаторе се бранеше дека Блејк неверојатно личел на човекот што бил следен и осомничен за криминал, па мислел дека го апси вистинскиот криминалец.
Блејк е еден од највлијателните светски тенисери во новиот милениум, а неговата приказна е една од најнеобичните и најтоплите во светот на спортот. Мина низ страшно тешки периоди во кариерата со огромни здравствени проблеми, но ги надмина и играше тенис на врвно ниво. Најпрво како тинејџер се соочи со парализа на едната страна од лицето, а во 2004 година на загревањето пред настап на турнирот во Рим, за малку ќе го скршеше вратот при пад на земјениот терен.
Блејк беше еден од најхаризматичните тенисери во првата декада од новиот милениум, а најави дека ќе го искористи своето влијание за да се санкционира „нечовечкиот однос на полицијата кон луѓето“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)