На хрватското крајбрежје во близина на Башки води летово е снимена една од најубавите и најскапите јахти на светот.
Сопственик на оваа грандиозната „А“ јахта е рускиот милијардер Андреј Мелниченко.
Дизајнер на оваа футуристичка јахта е познатиот француски дизајнер Филип Старк. Изградена е во бродоградилиштето во Кил во Германија во 2008 година.
Станува збор за една од најмоќните моторни јахти на светот , долга е 119 метри и неофицијално за нејзината изградба рускиот милијардер платил фантастични 300 милиони долари.
Феноменалната јахта ја движат два мотори со вкупни 12000 коњски сили. На јахтата има место за 14 гости во шест апартмани и дури 37 членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.