| четврток, 6 декември 2018 |

Колку вода навистина треба да пиеме дневно?

Постојат несогласувања меѓу експертите за тоа колку вода треба да се конзумира во текот на денот, за да организмот нормално функционира. Овие несогласувања секогаш ќе постојат, но некој просек би бил:

– За мажи: 3 литри дневно (околу 13 чаши)
– За жени 2,2 литри дневно (околу 9 чаши)

Секако, ако правите било каква физичка активност, љубители сте на кафе, надвор е премногу топло или суво времето или поради здравствени причини, може да ви бара организмот повеќе.

Така што, може да речеме дека ова е некој оптимум, па дури и минимум, кој треба да го почитувате и секогаш кога сте жедни да испиете и повеќе од тоа.

Од многу нема да ви биде тешко, бидејќи организмот без проблем може да поднесе и до 15 литри во текот на денот. Се разбира ако не ги испиете одеднаш.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top