Петочлено семејство кое вклучува маж, жена и три деца се најдени мртви откако со денови никој од нив не се појавил во јавност, пишува британски Мирор.
Полицијата била повикана откако никој од нив не бил виден во изминатите неколку дена, а ниту едно од децата не се појавиле во училиште. Брајан и Карен Шорт, како и нивните три деца, се најдени на нивниот луксузен имот во близина на Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота.
Полицијата засега се сомнева дека станува збор за тоа како некој од членовите на семејството со огнено оружје ги убил останатите, а потоа си пресудил и на себеси, но повеќе детали засега не се изнесуваат.
Смртта ја потврди и компанијата нa Брајан на нивната веб страна.
-Нема лесен начин да се каже ова. Штотуку дознавме дека Брајан и неговото семејство починале. Вестите велат дека се работи за убиство и самоубиство, но ова не е потврдено од страна на властите и никакви детали се уште не се пуштени во јавност. Без оглед кои се деталите, резултатот е ист…трагична загуба за семејството, пријателите, соработниците и медицинската заедница, пишува на страната на компанијата на Брајан allnurses.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Шест вистински приказни за луѓето кои исчезнале без трага, пострашни и од хорор филмови