Најмалку 65 лица загинаа при уривање на кран во најголемата џамија на светот Ал-Харам во Мека, јавија саудиските власти за цивилна заштита.
Саудиските власти на „Твитер“ објавија дека околу 30 лица се повредени.
Телевизијата „Ал Арабија“ соопшти дека најголем дел од жртвите се аџии, кои биле на аџилак во исламското светилиште.
Според првичните информации причина за уривање на кранот биле силните ветрови.
Во џамијата веќе две години се врши голема реконструкција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.