| четврток, 6 декември 2018 |

Избрана „Мис Македонија 2015“ (ФОТО)

DSCF5951

По двомесечната турнеја низ Македонија, вчеравечер во хотелот „Романтик“ на Велешко Езеро се одржа големото финале на „Мис на Македонија 2015“.

Победничката, која ќе ја претставува Македонија на „Мис Глоуб“, е 21-годишната Елена Анѓеловска. Титулата прва придружничка ја освои Кристина Поп Трпева, а втора придружницчка е Ангела Ставреска, сите три членки на модното студио „Црнокрак“.

DSCF5894

Изборот за „Мис Глоуб 2015“ годинава ќе се одржи во Торонто, Канада во октомври. Придружничките исто така ќе ја претставуваат Македонија, но на други интернационални избори за убавина или модели, за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.

DSCF5933

На финалето како музички гости настапија „Роки бенд“, Зоран Џорлев, Елена Петреска и Игор Митровиќ, а вечерта беше заокружена со модна ревија на која финалистките носеа креации на „Голден гарден“ од Велес. Водителка на настанот беше Светлана Црнокрак.

DSCF5899

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top