| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина, Северина и Дејвид Моралес пред Порта Македонија

По повод спојувањето на двете најголеми телекомуникациски компании во Македонија, односно „Т-мобиле“ и „Т-хоум“ во „Телеком“, на 19 септември во Скопје, пред Порта Македонија во 20 часот ќе се одржи голем бесплатен концерт.

На големата бина среде Скопје ќе настапат македонската дива Каролина Гочева, хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ и светски познатиот диџеј Дејвид Моралес.

За најмалите, пак, е закажана детска програма исполнета со интересни игри и забава со „Златно славејче“ и „Поточиња“ и најдобрите детски хитови, со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top