Француската полиција добила наредба да пронајде и да уапси борец на ИСИС кој е на листата на радикалните исламисти. Тој се вратил во август од Сирија и се крие помеѓу бегалците во Калаис, а наводна цел му е илегално да влезе во Велика Британија за да изврши терористички напад.
Француските медиуми пишуваат дека полицијата верува дека осомничениот живее помеѓу 3.500 бегалци во импровизираниот камп познат како „Џунгла“, за кој француските власти најавија дека кон почетокот на идната година ќе стане официјален камп за бегалците со 1500 места.
Листата на потенцијалните терористи вклучува 500 имиња кои се пријавуваат кај властите кога ќе ја поминат идентификациската проверка, на пример, на аеродром и слично. Податоците вклучуваат идентитет, фотографија, причина зошто личноста е на листата и како да се однесува доколку се идентифицира личноста.
Не е познато точно како француските власти дознале за присуството на овој борец на ИСИС, но полицијата има наредба да го фати. Локалните власти одбиле да дадат коментар, но го негираа претходното известување за тоа дека околу 40 детективи влегле меѓу бегалците во Калаис за да го пронајдат потенцијалниот терорист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.