| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија обвинета за нехуман однос кон емигрантите (ВИДЕО)

Видеоснимка од најголемиот емигрантски камп во Унгарија, на границата со Србија, ги покажува нечовечките услови во кои се дели храната, изјавуваат волонтери, кои им помагаат на бегалците во кампот.

un

Како што јави Танјуг, записот, тајно снимен од австриска волонтерка, која во средата го посетила кампот во Роске, покажува околу 150 мигранти собрани во сала. Тие се туркаат еден со друг во обид да земат кеси со сендвичи, кои им ги подаваат унгарските полицајци со шлемови и санитарни маски.

Во хаосот, жените и децата се обидуваат да земат леб, кој лета во воздух, а во меѓувреме лицата, кои се во задните редови се обидуваат да го привлечат вниманието на оние што ја делат храната.

– Сето тоа наликуваше на хранење на животни во трло, нешто како Гвантанамо во Европа – изјави Александар Шприцендорфер, чија сопруга Михаела го снимила видеото, објавено синоќа на „Јутјуб“.

Сопружниците, заедно со други доброволци носеле во кампот храна, облека и лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top