| четврток, 6 декември 2018 |

Бетмен Велит: Ова се солзи на наше дете, на наш капитен. Ова се мои и твои солзи, ова се солзите на Владо

Бетмен Велит со емотивен статус за солзите на капитенот на машката кошаркарска репрезентација и неговото напуштање на државниот тим:

vlatko ilievski

Фото: Спортмедиа

 

Душа не ми дават да заспијам. Овие солзи кои ги гледате се поискрени од сите ветувања на политичари, од сите празни зборови на вашите бивши, од сите гаранции од локалните месари дека ви даваат чисто месо, од сите просјаци кои се колнат дека со твоите 10 денари ќе купат леб. Од сите „важи, ќе се чуеме од понеделник“, од сите „и ти си супер“. Од сите „абе ја сакам, ама нема да плачам по неа, кој ја ебе“.

Ова се солзи на капитенот. И сите лајкови на светот нема да му ја смалат тагата што го остава засекогаш дресот за кој горел и се борел и во кој не радувал и со нас тагувал.

Ова се солзи на наше дете. На наш капитен. На наш брат. Беспоштеден на терен од ден еден до ден последен. Ова се солзи на човек кој не ја сака, туку ја обожава Македонија. Ова се мои и твои солзи. Ова се солзите на Владо.

А на Владо од најголемите длабочини на моето срце можам само да му кажам: ‪#‎ФалаВладо‬. Пример за спортист. Пример за пожртвуваност.

Пример за шампион.

vladoПонатаму Бетмен Велит потенцира дека сите кои имале тројка во живот, ќе се сложат дека онаа на Илиевски против Литванија им донела повеќе радост, екстаза, мерак отколку било која друга.

Капитене, мајсторе, штета што заминуваш од дресот со пораз.

Ама од првиот ден кога на јуниорско го праќаше Сани Бечирович по бурек, преку екстатичната Литванија кога ти и другарите на улица не извадивте како што никој (НИКОЈ) не успеал во живот и ја сплотивте нацијата која во тие ретки моменти се чувствуваше горда како што никој (НИКОЈ) не направил да се чувствува, се до денес кога до последен атом, а тоа го видовме сите, крвареше за нашиот дрес…

…остана голем. Таков и ќе бидеш, меѓу нашите легенди. Затоа, без солзи. Туку…

…РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО. Радувај се Владо. И фала ти за се. А никогаш нема ни да дознаеш колку е тоа сѐ. Беше вистинска гордост да се навива за огромен спортист како тебе. Комита


И на крај оние познатите зборови на Влатко врежани во срцата на сите кои барем малку го следат македонскиот спорт:

Леле луѓе, што направивме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top