Џиџи Буфон, веројатно го одиогра најлошиот меч во кариерата и неговите две катастрофални грешки, беа пресудни за поразот на Јувентус од Баерн со 0-2 во Минхен. Алаба по само 25 секунди игра, со проектил од 30 метри го совлада италијанскиот репрезентативец, кој заспа на голот, а Милер само стави точка на лошото издание на Буфон со гол во 63. минута. Баерн беше многу подобар противник, а тоа го призна и трагичарот на четвртфиналето во ЛШ, Буфон.
-Немаме за што да жалиме, бидејќи Баерн беше подобар противник и можеше да ни даде уште некој гол. Игравме против голем тим, чија победа е кристално чиста и заслужена – изјави Буфон по натпреварот. Реваншот е на 10. април во Торино, а шансите на Јувентус се минимални, по негативата од два гола во Баварија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


