| четврток, 6 декември 2018 |

Будимпешта со статуа на Ференц Пушкаш

Ференц Пушкаш, легендарниот унгарски голгетер, конечно доби своја статуа во Будимпешта, а јубилејно на денот кога е роден, пред 86 години, во природна големина, таа беше поставена во областа Обуда. Ѓула Пауер и Давид Тот ја изработија фигурата на Пушкаш, еден од најдобрите играчи во 50-те и 60-те години, од минатиот век. Со Реал Мадрид освои 7 шампионски титули во Шпанија и трипати го крена пехарот во Купот на европските шампиони, сега наречен Лига на шампионите. Пушкаш имаше извонреден просек, од речиси гол по натпревар и даде 324 погодоци на 372 натпревари, за „кралскиот клуб“ од Мадрид. Почина во 2006, на 79-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top