За разводот на една од најпознатите холивудски ѕвезди се зборува веќе долго време, но американски „Hollywood Life“ тврди дека Бијонсе наскоро јавно ќе објави дека ќе се разведува од Џеј Зи.
– На семејството и пријателите им открила дека сака да продолжи со својот живот. Не сака да слуша повеќе прашања за нејзиниот брак – открил извор близок до брачната двојка, додавајќи дека на пејачката и е преку глава пред јавноста да глуми дека е во среќен брак.
Како главна причина за јавноста се наведува дека биле разните афери на раперот, кој наводно ја изневерувал Бијонсе со Ријана и со Рита Ора. Покрај тоа, се пишуваше дека Џеј Зи ја изневерувал Бијонсе и со Ким Кардашијан, пред таа да се омажи со Канје Вест.
Џеј Зи (45) и Бијонсе (34) долги години беа во врска, а во брак се седум. Ја имаат ќеркичката Блу Ајви (3)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


