| четврток, 6 декември 2018 |

Украина го затвори воздушниот простор за руски авиони за Сирија

украина

Украина денеска го затвори својот воздушен простор за руски авиони кои летаат кон Сирија, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, по средбата со словачкиот колега Роберт Фицо.

– Утринава наредив на украинската државна агенција за контрола на летањето да ја зголеми контролата на летови во соработка со Евроконтрол, Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, поради евентуални прелети на руски авиони кон Сирија – изјави Јацењук, пренесува ТАСС.

Според Јацењук воздушниот простор над Украина сега е затворен, а просторот над неутралните територии под посебна контрола.

Бугарија, претходно неделава, го отфрли барањето на Русија за користење на бугарскиот воздушен простор за летови за достава на помош за Сирија, соопшти бугарското министерство за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top