Прилепската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(27) од Прилеп за разбојништво и тешка кражба на дрзок начин.
На 4 септември пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над шестгодишно девојче при што ѝ одзел златни обетки.
На 7 септември пак, пријавениот нападнал уште една прилепчанка. Искористувајќи ја шансата додека оштетената Д.Д. стоела на ул. Тризла, насилно ѝ ги одзел обетките од ушите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.