Стотици Словенци синоќа учествуваа на митинг во Љубљана против политиката на ЕУ околу прашањата за миграција, која тие ја сметаат за „рестриктивна“.
Протестот бил организиран од неколку невладини организации.
Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ на митингот изјави дека ниту една европска земја не треба да ги затвори границите за време на бегалската криза.
Тој упати критики до Унгарија за нејзиниот однос кон бегалците и кон мигрантите. Јанковиќ истакна дека градот е подготвен да прифати 190 бегалци и да им обезбеди згрижување.
На митингот се појавиле и неколку контрадемонстранти, кои носеле транспаренти со пораки против исламизација на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.